Игор Котевски не е веќе тренер на Куманово, заминаа Ѓурашковиќ и Бечејац

Тимот на Куманово оваа сезона мораше да игра во суперлигашкиот плеј-аут и така да го обезбеди опстанокот во елитната конкуренција.

Сепак на две кола до крајот на сезоната, Куманово остана без првиот стратег Игор Котевски, кој замина од тренерската позиција. Покрај него клубот се раздели со левиот и десниот бек Немања Ѓурашковиќ, односно Никола Бечејац.

Котевски, кој го презема кумановскиот тим на стартот на пролетниот дел од сезоната, успеа да наниже пет меча без пораз на стартот, па Куманово немаше никакви проблеми и одамна го осигура опстанокот.

Од странските ракометари во Куманово играа Вучко Мрвовиќ, Владан Кастратовиќ и Зоран Ѓурковиќ, а тука се и македонските играчи Стефан Колоски, Христијан Крстаноски, Влатко Тасевски…но има големи прашалници како ќе изгледа ростерот на кумановци следната сезона.