Последнопласираната екипа во суперлигашкото друштво, Радовиш, остана без еден од најдобрите поединци во ростерот.
Левото крило Зоран Стојановски и радовишани спогодбено го прекинаа договорот кој беше со важност до крајот на оваа сезона.
Велешанецот освен за матичниот Борец и за Радовиш, претходно има настапувано за Овче Поле.
Претходно тимот го напушти и тренерот Васко Василев, па на негово место беше Ангел Ангелов на последните четири меча од Суперлигата.