Лоши ракометни вести пристигнуваат од Србија каде што згасна клубот РК Долово, клуб кој го „произведе“ денешниот репрезентативец на Србија и поранешен голман на Вардар, Дејан Милосављев кој денес го чува голот на Фуксе Берлинг.
„После соопштението од управата на клубот приморани сме да го завршиме натпреварувањето поради неодобрени финансиски средства од страна на општината, во оваа прилика сакаме да ве известиме во име на сите играчи на првиот тим на РК Долово дека го одигравме последниот натпревар во Првата Ракометна Лига Север. Мораме да се откажеме поради недостаток на неопходните услови за функционирање“, стои помеѓу другото во клупското соопштение.
Во соопштението се наведуваат и конкретните проблеми со кои играчите морале да се соочат како: Лоши услови во соблекувалните без можност за користење на купатило и тоалет, лоши услови за тренирање во зимски период, недостаток на опрема за одржување нормален тренинг и натпревари…
Mилосављев беше дел од РК Долово во младинските категории од каде што премина во Југовиќ, па во Партизан, а од таму во Вардар со кој стигна и до европскиот трон.
Покрај РК Долово од натпреварувањето се откажа и клубот УРК Студенски Град, поради слични проблеми.