За точно една година почнува ракометниот турнир на ОИ во Токио

Репрезентациите кои ќе земат учество на Олимписките игри во Токио следната година веќе ги знаат термините според кои ќе се играат средбите на ракометниот турнир.

Натпреварите ќе стартуваат точно на 24 јули така што за точно една година почнуваат возбудувањата на турнирот во ракомет кога ќе има сигурно што да се види бидејќи се очекува конкуренцијата да биде максимално силна.

Според она што е објавено во групната фаза ќе има пет кола кои ќе се играат на 24, 26, 28 и 30 јули, како и на 1 август. На 3 август се игра четврт-финалето, два дена подоцна полуфиналето, додека финалето е закажано за 7 август.