ЗА ТВ ШПИЦИ: Наталија Манева даде гол од половина терен во Женската лига (ВИДЕО)

Ракометартките на Овче Полсе СУ има сигурен настап на домашен терен и ја совладаа екипата на Феникс со 38:29. Особено ефикасно се играше во последните минути, во 60. минута беа постигнати три гола. За одбележување е последниот погодок на Овче Поле СУ, на само неколку секунди до крајот Наталија Манева од центар шутираше кон противничкиот гол и успеа да ја совлада противничката голманка. Погодокот може да го погледнете во следното видео.