Малку недостасуваше да има непријатна сцена во Битола бидејќи пехарот за шампионот Еурофарм Пелистер стигна дури во 45 минута од натпреварот.
Иако уште пред една седмица беше познато дека битолчани се шампиони, пехарот, преодниот оној во трајна сопственост не беа во Битола. Нити во текот на денот не пристигнаа.
Мечот беше започнат и се играше второто полувреме пристигна директор на репрезентациите Влатко Тасевски, и Александар Стефанов, членот на УО на РФМ. Тие беа најавени и дека ќе ги делат медалите и пехарот.