Запознајте го Рафаел Надал од ПИК Сегед (ФОТО)

Според објавите на социјалните медиуми голем број од ракометарите на ПИК Сегед уживаат слободното време да го поминуваат играјќи тенис.

Меѓу нив се Ричард Бодо, Станислав Кашпарек, Марио Шоштариќ, а исто така и играчот кој ќе пристигне од наредната сезона Борут Мачковшек.

Сепак најмногу внимание и најголема посветеност е присутна кај пикерот на ПИК Сегед, Бенце Банхиди.

Во периодот кога нема натпревари во ракомет Банхиди многу сериозно започна да тренира тенис со цел ударите и движењата да ги научи правилно. За официјалниот сајт на клубот пикерот потврди дека редовно оди на тренинзи и сериозно го има сфатено тоа.

„Ако не ми верувате можете да дојдете на тренинзите и ќе се уверите. Тенисот е многу добар спорт, ми се допаѓа и сакам ги научам правилните движења. Сè уште сум далеку од добро играње но се трудам. Роџер Федерер или Рафаел Надал? Повеќе би сакал да играм како Надал, повеќе ми се допаѓа и тој е мојот омилен играч. Во периодот без ракомет би можеле да организираме турнир во тенис помеѓу соиграчите, мојата цел ќе биде да победам“, рече Банхиди.

Бенце Банхиди е репрезентативец на Унгарија и на последното Европско првенство имаше одличен настап на пикерската позиција.