Запознајте го новиот пелистерец – погледнете дел од мајсториите на Кисум (ВИДЕО)

Левиот бек Каспер Кисум е најновото засилување за Еурофарм Пелистер. Данецот потекнува од Рингстед, настапуваше и за Нордсјеланд, пред да се пресели во Бундес лигата во 2014 година. Во Германија мина три сезони во Фленсбург, Штутгарт и Хановер, а потоа заминува во Франција. Таму го носеше дресот на Тулуз, од каде што се враќа во Данска и до лани настапуваше за Нордсјеланд четири сезони. Летото 2022 се пресели во Сондерјиске, од каде што по половина сезона доаѓа во Битола. Погледнете дел од неговите погодоци во данскиот шампионат...