Запознајте ги новите лица во Вардар (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар во пресрет на новата сезона во ростерот ќе има девет нови ракометари и плус уште тројца кои се приклучија од Вардар Јуниор.

Од странците, дојдоа Французинот Кантегрел, Србинот Вујин, Хрватите Гаџа, Јотиќ и Векиќ, Полјакот Валчак, како и тројцата македонски репрезентативци Јагуриновски, Георгиевски и Талески.

Од Вардар Јуниор кон првиот тим се приклучија Стефан Атанасовски, Давид Гашовски и Стефан Крстевски.

„Црвено-црните“ оваа сезона би требало да имаат настапи на два меѓународни фронта, регионалната СЕХА лига и Лигата на шампионите.