Селекцијата на Швајцарија направи мало изненадување во првиот дуел од главната фаза на Мундијалот и го совлада Исланд со 20-18.
По почетните 3-3, втората замена на првенството стигна до водство од плус два, 5-3, што го одржуваше десетина минути. „Рибарите“ се вратија во егал на 7-7, а на пауза се замина со минимална предност за Швајцарија, 10-9.
Во второто полувреме најчесто се играше гол за гол, а на десетина минути до крајот Исланд поведе со 16-17. И потоа следуваше клучниот период на мечот. Швајцарците направија серија од три гола за 19-17.
Кристијансон намали на 19-18 на минута до крајот, но потоа Енди Шмид погоди за 20-18 и немаше време за никаков пресврт на Исланѓаните. Голманот Никола Портнер беше еден од јунаците на Швајцарија со 13 интервенции.