ЗАГРЕВАЊЕ ЗА СП 2023: 24Ракомет во Полска – Што ќе читате, кој ќе коментира, сe на едно место

Покрај бројната екипа на www.24rakomet.mk која ќе биде во Краков и ќе понуди многу различна содржина од местото на настанот, уште пред почетокот на СП 2023 ќе можете да прочитате различни анализи, размислувања, предвидувања на познати македонски, балкански и европски спортски работници, а поврзани со СП, со Македонија, за тоа кои се фаворити, а кои аутсајдери и кој може да изненади овој месец. За 24Ракомет ќе пишуваат Лино Червар, Ивано Балиќ, Арпад Штербик, Дарко Станиќ, Младен Ракчевиќ, Зоран Кастратовиќ, Стевче Стефановски, Стевче Алушовски...и повеќе новинари од цела Европа...

Јануари е секогаш период резервиран за зимски одмор и за многу нови ракометни авантури поврзани со македонскиот национален тим. По осми пат Македонија ќе игра на завршницата на СП, а единствениот ракометен медиум во Македонија – www.24rakomet.mk повторно ќе биде на местото на случувањето, во Полска и Шведска. Од почеток до крај на ова СП на кое Македонија почнува нова ракометна приказна.

Од вчера во етер е посебниот дел во рамките на www.24rakomet.mk кој е посветен целосно на Светското првенство. На едно место сите информации за Полска и Шведска, за репрезентацијата на Македонија, сите резултати, табели, следни натпревари, фотогалерии, видео извештаи… И се тоа на македонски јазик, со посебна програма специјално подготвена за ова СП.

Покрај бројната екипа на www.24rakomet.mk која ќе биде во Краков и ќе понуди многу различна содржина, уште пред почетокот на СП 2023 ќе имате можност да прочитате различни анализи, размислувања, предвидувања на познати македонски, балкански и европски спортски работници, а поврзани со СП, со Македонија, за тоа кои се фаворити, а кои аутсајдери и кој може да изненади овој месец.

Од поранешни играчи, селектори, актуелни тренери, спортски новинари, па се до ракометни легенди. За www.24rakomet.mk свои анализи поврзани со СП, со настапот на Македонија ќе имаат неколку светски познати ракометни имиња како Ивано Балиќ, Арпад Штербик, Дарко Станиќ и Младен Ракчевиќ.

На нив ќе им се приклучат и познати спортски новинарски пера како Дражен Пиневиќ (Спортске Новости – Хрватска), Сретен Рашковиќ (ТВ Арена – Србија), Бјорн Пацен (Хандбалвохе и аналитичар на ЕХФ – Германија), Адриан Костеу (новинар на ЕХФ – Романија), Денис Козлов (Брз Центар – Русија), Лариса Петровиќ (Спортски Журнал – Србија)…

И се разбира ќе можете да ги прочитате анализите на групите од СП и од познатите и угледни тренери како: Лино Червар, Ивица Обрван, Славко Голужа, Драган Ѓукиќ, Илија Темелковски, Зоран Кастратовиќ, Стевче Алушовски и Стевче Стефановски. Имиња со огромно тренерско и селекторско искуство зад себе.

Но, тоа е само дел од понудата на www.24rakomet.mk поврзана со СП 2023.

Ја продолжуваме соработката со Горан Ѓоргоноски, нашиот специјален аналитичар кој лани ви го претстави ракометот, играта и тактиките преку различните аналитички текстови. Поранешниот македонски репрезентативец и сега ќе биде потпишан на рубиката – ПРЕСИНГ: Неговите ставови се секогаш издржани, реални, кратки и јасни. Точно во сржта.

Со помош на нашите пријатели од Mozzart и Македонија Осигурување, овој јануари од лице место од Краков ќе имаме бројна екипа, која потоа ќе продолжи и на следните дестинации во Полска, како и на финалниот викенд во Шведска.

Ќе имате шанса да дознаете и што има зад кулисите на СП преку ДНЕВНИКОТ ОД КРАКОВ со Билјана Благоеска Петрушева. Острото перо на нашиот колумнист секојдневно ќе известува од случувањата во и околу нашиот тим, со откривање на се она што не се гледа на теренот и на ТВ екраните.

Ќе ги прочитате и размислувањата на повеќе македонски тренери кои имаат и искуство и „име“ да коментираат, критикуваат и пофалат.

Очекувајте и многу фотографии, видео изјави, влогови со различна содржина. Секојдневни вести, извештаи, занимливости, видео стории, интервјуа и она што се случува на СП.

Ќе имаме и вклучувања во живо, разговори со нашите ракометари, познати гости на ова СП 2023.

И тоа нема да биде се. Ќе има и изненадувања, со нови содржини, и секако и награди за оние што редовно не следат.

Ако не сте член на нашето семејство на социјалните мрежи или Вибер групата, направете го тоа уште денеска и добивајте ги секогаш први сите информации за СП 2023 во ракомет.

#LiveForHandball #ЖивејРакомет