Загреб се посилен – потпишаа уште две нови засилувања

Екипата на Загреб денес објави дека во следната сезона, Јаков Гојун и Дино Славиќ ќе бидат новите ракометари во тимот.

Јаков Гојун во Загреб ќе пристигне од германскиот тим, Фуксе Берлин. Искусниот пикер беше дел од хрватскиот тим на почетокот на неговата кариера каде помина три сезони.

Со одличните игри на клупско и репрезентативно ниво, Гојун беше посакуван во голем број на клубови. Една сезона помина во Атлетико Мадрид, 2012/2013, потоа играше две сезони во големиот тим на ПСЖ. Во 2015 година се реши да го прифати големиот предизвик  во Фуксе Берлин.

Голот на Загреб освен Филип Ивиќ ќе го брани и Дино Славиќ, коj моментално е член на шпанскиот клуб, Адемар Леон. Славиќ во Хрватска го бранеше голот и на Замет.

Загреб за следната сезона ќе има подобар тим од оваа, бидејќи покрај наведените засилувања ќе пристигнат и Жељко Муса од Магдебург и ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ.