Еден од најталентираните млади играчи на ППД Загреб, Филип Вистороп од следната сезона ќе биде член на бундеслигашот Балинген.
20 годишниот среден бек потпиша договор со Балинген на две години. Сепак не се знае дали Балинген и следната сезона ќе биде во најсилната лига на Германија, бидејќи клубот го очекува тешка битка за опстанок во Бундеслигата.
Филип Вистороп оваа сезона покажа одлични партии во дресот на ,,плинарите и во Лигата на шампионите има постигнато 31 гол.
Младиот Вистороп своите ракометни почетоци ги има направено во Зрињски Мостар од каде што во 2018 премина во Загреб.