Кружниот напаѓач на Алкалоид и на македонската репрезентација, Костадин Петров, заврши со настапите за оваа сезона.
Тој го повреди коленото на натпреварот од суперлигашкиот плеј-оф против Охрид што се играше во петокот и на прв поглед изгледаше сериозно.
Претпоставките се потврдија, па велешанецот кој играше во одлична форма во пролетниот дел од сезоната, ќе мора на операција.
Паузата ќе биде неколку месеци, па Петров би требало да биде на терен за стартот на следната сезона.
Кире Лазаров во составот на Алкалоид ги има Никола Маркоски, Кристијан Симоноски, како и Марко Стојковиќ, кој исто така се жали на повреда.
Петров и Стојковиќ нема да и помогнат на репрезентацијата против Луксембург и Турција, но на