Натпреварот меѓу Веспрем и Нант почнува со два часа задоцнување откако дуелот беше одложен поради позитивен тест на еден од судиите од Хрватска. Место во 18:45 средбата стартува од 20:45 часот, но на паркетот ќе бидат судии од Унгарија.
Ваква солуција мораше да биде искористена бидејќи средбата требаше да се одигра денеска, па за да нема дополнителни проблеми мораше да се реагира брзо.
Оттаму после два часа муабетење и дружење македонските репрезентативци се враќаат на терен заедно со колегите. Ќе има дуел меѓу Манасков и Лазаров во Групата Б од Лигата на шампионите.