Последните федерации низ Европа што чекаа да се смири ситуацијата со коронавирусот, па да продолжат со натпревари, сепак решија дека нема да има услови за игра во јуни.
Грчката и украинската федерација означија крај на шампионатите во двете конкуренции и ги прогласија прваците.
Во Грција, кај жените ПАОК Солун стана шампион и ќе игра во Лигата на Европа, додека Неа Јонија, ГАС Артас и Верија ќе играат во ЕХФ Купот. Во машка конкуренција, за шампион е прогласен АЕК Атина кој ќе биде дел од Лигата на Европа, а Олимпијакос, Диомидис Аргус и Аеропос Едеса ќе бидат дел од ЕХФ Купот.
Во Украина, иако имаше план да се игра во јуни, сепак нема да биде такa и Мотор Запорожје е прогласен за шампион. Овој тим доби место во Лигата на Европа, но сигурно ќе аплицира за вајлд-карта во Лигата на шампионите. Кај жените, шампион е Галичанка Лвов.