Ракометарите на Веспрем обзбедија предност после првиот натпевар во финалето од плеј-офот против составоот на ПИК Сегед откако славеа и во третиот дуел годинава. На гостински терен Веспрем славеше 28:29.
Натпреварот беше максимално израмнет со многу борба, се играше гол за гол дваесетина минути пред за првпат ПИК Сегед да има повисока предност во 25. минута кога поведе со 12:9. До крај на првиот дел Веспрем успеа да намали и по 30 минути беше 16:15.
Во продолжението на дуелот протодлжи големата борба, а домашниот тим имаше постојано водство контрола на натпреварот. Во 45. минутаи Шоштариќ погоди за нови три предност. На ова одговори Веспрем преку Благотиншек, Ненадиќ и Јахија за драматичен финиш на дуелот.
Мае и Нендиќ донесоа водство од два гола за Веспрем после долго време во 55. минута. До крај тимот на Момир Илиќ ја сочува предноста за конечен триумф и предност пред возвратниот дуел.
Предводник на Веспрем беше Родриго Коралес на голот со 17 интервенции, додека најефикасен со седум погооци беше Омар Јахија. Во тимот на ПИК Сегед по пет гола постигнаа Фримел и Бодо, а одличенн беше Роланд Миклер на голот со 13 одбрани. Манасков не беше во сооставот на Веспрем.