Женска лига: Куманово есенски шампион, но пролетта ќе биде доста жешка

Екипата на Куманово го финишираше есенскиот дел од сезоната во Женската лига со максимални 36 бода откако во 13 кола забележа 12 победи. Со оглед на тоа што во секое коло имаше по еден слободен тим ова беа практично 12 победи во 12 натпревари.

Куманово си создаде предност за пролетниот дел, а јасно е дека главната конкуренција ќе биде тимот на Металург, кој загуби единствено на дербито.

Тимовите веќе ја почнаа паузата, а напролет ќе биде доста интересно со оглед на тоа што ќе биде доста интересно и во трката за 3. место.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО

ВАРДАР – АЛУШОВСКИ              55:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Јаковчевска 8, Трпевска 8, Ѓеоргиевска 7 – Николовска 6, Велигденова 4, Георгиевска 4

ЧАИР – СТРУЖАНКА     27:32 (ИЗВЕШТАЈ)

А. Николовска 11, М. Николовска 7, Блажевска 3 – Делиоска 11, Затуроска 6, Маркоска 4

ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА               32:30 (ИЗВЕШТАЈ)

Анчева 13, Стојанова 5, Белевска 4 – Попова 11, Петковска 6, Митрова 5

КУМАНОВО – СПАРТАК               46:17 (ИЗВЕШТАЈ)

Глигоријадис 9, Шарановиќ 6, Боризовска 6 – Стефановска 4, Лазаровска 4, Димитрова 3

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ      19:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Вучевска 11, Јовановска 2, Манева 2 – Петковска 10, Граматова 5, Калајџиеска 4

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА       20:32 (ИЗВЕШТАЈ)

Цветановска 9, Србиновска 4, Петровска 3 – Цаневска 5, Камческа 4, Боризоска 3

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН беше слободен

ТАБЕЛА: 1. Куманово 36 бода (453:254); 2. Металург 33 (439:246); 3. Вардар 27 (418:266); 4. Стружанка 27 (361:295); 5. Чаир 24 (349:319); 6. Деспина 24 (312:315); 7. Пелистер 14 (345:388); 8. Спартак 14 (302:352); 9. Гевгелија 10 (286:355); 10. Ѓорче Петров 9 (256:356); 11. Кузман Вардар Илинден 6 (269:396); 12. Алушовски 4 (299:450); 13. Овче Поле СУ 3 (261:358).