Натпреварот кој требаше да се одигра вчера меѓу Веспрем и Нант, а мораше да биде откажан бидејќи еден од судиите од Хрватска беше позитивен на Ковид 19 денеска го доби својот епилог.
И Веспрем и Нант добија по еден поен. Причината за ова е во фактот што во оваа ситуација причината за неиграњето на средбата е во официјално лице. Покрај тоа целта беше да се заштитат другите актери од несакано ширење на вирусот и немаше друг излезе освен да се одложи средбата.
Поради немање на можност за нов термин и задолжителното завршување на групната фаза денеска мораше да се донесе одлука со која се избра солуција во која и за двата состави ќе има по еден бод.
Сигурно нема да бидат задоволни ниту едните ниту другите, но средбата е регистрирана со резултат од 5:5.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА