Еуфорија во Прилеп – еве како за три минути до три бода (ВИДЕО)

Ракометарите на Прилеп забележаа победа над Бутел Скопје со 28-27, иако губеа со 27-25 на три минути до крајот на средбата. Сепак избраниците на Божидар Мојсов направија херојски пресврт, се одбранија три пати, а три пати го погодија противничкиот гол за голем еуфорија на стартот на сезоната. Рајатоски на два пати и Квастек еднаш погодија, додека голманот Ангелески исто така имаше одбрана во клучни моменти. Погледнете како прилепчани стигнаа до трите бода...