Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 сосема очекувано дојдоа до триумф на првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната со 37:26 против составот на Скопје 2020. Младите битолчани немаа никакви проблеми за да дојдат до оваа победа бидејќи постојано беа во предност и во ниту еден момент немаа причини да стравуваат за бодовите.
Од почетокот на средбата домашните наметнаа свој ритам и беа во предност. Имаа водство кое го одржуваа и кое можеа да го контролираа. Еурофарм Пелистер имаше резултат со кој можеше мирно да оди кон победа, а предноста од шест гола на одмор, 18:12 им даде целосна контрола.
Играта беше препознатлива за Еурофарм Пелистер 2 бидејќи она што го красеше тимот во есенскиот дел продолжи и во пролетниот така што овој состав ќе има што да покаже и во плеј-оф лигата.
Шестте гола од полувремето беа зголемени во продолжението. Рано стана јасно кој доаѓа до победа, а денеска поголем број на ракометари се запишаа меѓу стрелците. Јовиќ имаше можност да им даде шанса на повеќето од играчите што беше секако одличен момент за да почувствуваат од атмосферата.
Оваа победа го позиционира Еурофарм Пелистер 2 поблизу до плеј-оф, но треба да се одиграат уште пет кола и да се комплетираат.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА