Еурофарм Пелистер со Веспрем ќе се загрева за Вардар!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер в четврток патува за Турција, каде во петок и сабота ќе биде дел од пријателскиот турнир „Куп на пријателството“ во организација на СЕХА лигата.

Во турскиот град Сакарија, покрај македонскиот првак ќе се појават уште унгарскиот Веспрем, белорускиот Мешков Брест и српската Војводина.

Во првото полуфинале на 1 септември ќе играат Мешков Брест и Војводина, додека ривал на пелистерци ќе им биде Веспрем.

На 2 септември се дуелите за третото место и финалето, а в недела битолчани се враќаат во Македонија.

Овие две средби во турскиот град Сакарија ќе бидат увертира за Супер Куп дуелот против Вардар што ќе се игра на 6 септември во Радовиш.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.