Еурофарм Пелистер пушта во продажба сезонски билети – еве ги цените и деталите

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер на 4 септември  во 19:00 часот ќе ги пушти во продажба сезонските билети за сите натпреварувања.

Сезонските билети ќе важат за сите домашни натпревари во сите конкуренции не само на првиот, туку и на вториот тим на битолчани.

Цените се 5.500 и 6.500 денари, во зависност од местото на седење во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Поединечните билети за натпреварите од Лигата на шампионите на Еурофарм Пелистер ќе чинат 450 и 550 денари, додека оние за натпреварите од домашното првенство ќе чинат од 100 до 250 денари.

Сите детали ги имате во продолжение…