Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваа на Пролет на отварањето на 21. коло од Супер лигата. Тимот од Битола ја продолжи победничката серија откако без поголеми проблеми го совлада Пролет со 28:23.
Избраниците на Жељко Бабиќ имаа перфектен старт на натреварот, Велковски и Костески, а веднаш потоа и Периќ и Маркоски погодија за водство од 4:0. Сепак, ракометарите на Пролет одговорија на ова водство на противникот и стигнаа до израмнување на 5:5.
Еурофарм Пелистер не дозволи домаќинот да поведе и во продолжение го диктираше резултатот. Сепак, на полувремето Пролет имаше активен резултат, а гостите заминаа само со минимална предност и водеа 12:13.
Почетните минути од второто полувреме го решија победникот, Еурофарм Пелистер направи серија од пет гола откако Пролет израмни и гостите го имаа највисокото водство од пет гола до тој момент. Следуваше рутинска игра во одбрана и реализација на битолскиот тим потпомогната од неколку добри интенревенции на Секељ за во последните десетина минути да влезат со предност од 27:20.
До крај без никакви проблеми Еурофарм Пелистер одигра за нови бодови во Супер лигата. Најефикасен беше Ненад Костески со шест гола за Еурофамр Пелистер, додека додека по пет постигнаа Велковски и Периќ. Во составот на Пролет прв стрелец со осум гола беше Дејан Пецаковски.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА