Ракометарите на Еурофарм Пелистер в сабота ќе играат пријателски натпревар со екипата на Охрид, а потоа ќе заминат во главниот град на нашиот јужен сосед.
Битолчани ќе земат учество на турнирот во организација на грчкиот АЕК Атина, на кој ќе играат уште две екипи.
Пред враќањето во Македонија, избраниците на Жељко Бабиќ веројатно ќе одиграат уште една или две средби со грчкиот Олимпијакос.
Еурофарм Пелистер досега има перфектен скор на пријателските средби. По четирите победи во Струга, битолчани славеа над Вардар, Бутел Скопје и КЛ7 за седум од седум.