Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе биде без голманот Марко Кизиќ на утрешниот натпревар против португалскиот тим Агуаш Санташ.
Кизиќ заработи повреда на мечот од првото коло во Лигата на Европа против данскиот Архус минатиот вторник во Битола.
Стратегот Ларс Валтер покрај Урбан Лесјак, веројатно ќе смета на Бобан Ристевски на голот за дуелот со португалскиот тим.
Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.