Ерупција на трибините – Фленсбург во последната секунда до триумф над Кил! (ВИДЕО)

Фленсбург го доби 109 дерби против Кил со последната секунда од натпреварот. Голот на левото крило Емил Јакобсен за 28-27 беше причина за ерупција на трибините во „Фленс Арената“. Иако Кил водеше на полувремето со 17-14, имаше и на четири минути до крајот 27-24, не постигна гол, а избраниците на Николај Крикау за тоа време дадоа четири гола и ги освоија двата бода. Најдобри стрелци кај победникот беа Гола со седум, како и Хансен и Јакобсен со по шест гола, додека голманот Буриќ имаше 12 одбрани. Кај Кил се истакнаа Билик и Скипаготу со по четири гола. Погледнете го победничкиот гол на Фленсбург...