ЕП младинци: Франција со пресврт ја реши Хрватска, Унгарија убедлива против Словенија

Денеска на Европското младинско првенство за ракометари до 20 години, кое се одржува во Португалија, беа одиграни сите натпревари од првото коло.

Победа остварија репрезентациите на Шпанија, Фарски Острови, Унгарија, Шведска, Франција, Португалија и Германија, додека натпреварот меѓу Србија и Исланд заврши без победник, 28:28.

На стартот, изненадување направи репрезентацијата на Фарски Острови, која ја совлада Данска со 33:32. Во останатите натпревари фаворитите ја оправдаа улогата на фаворит и успешно ги запишаа првите освоени бодови на младинскиот континентален собир.

Новиот член на Еурофарм Пелистер 2, Василије Печурица со репрезентацијата на Црна Гора беа високо поразени од Шведска со 19:31. Младиот голман зад своето име запиша две интервенции. Утре ќе стартува второто коло, каде што повторно ќе бидат одиграни осум натпревари.

ЕВРОПСКО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО , 1. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА 38:25 (18:10)

ПОРТУГАЛИЈА – ПОЛСКА 41:31 (21:11)

ГРУПА Б

ДАНСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 32:33 (15:15)

СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА 22:31 (11:14)

ГРУПА Ц

ШВЕДСКА – ЦРНА ГОРА 31:19 (16:11)

ХРВАТСКА – ФРАНЦИЈА 21:23 (12:10)

ГРУПА Д

ГЕРМАНИЈА – ИТАЛИЈА 35:26 (15:12)

ИСЛАНД – СРБИЈА 28:28 (18:15)