Поранешниот тренер на Вардар и селектор на машката и женска репрезентација на Србија, Љубомир Обрадовиќ, не е повеќе тренер на Наиса Ниш.
Тимот што имаше шампионски амбиции оваа сезона, а остана без ниту еден трофеј, реши да направи промена на кормилото.
На местото на Обрадовиќ го ангажираше тренерот од Зајечар, Живојин Максиќ, кој се обврза на тригодишна верност.
Обрадовиќ освен на клупата на Вардар и Србија, седеше и на клупите на Мадеира, Повоа, Боависта, Порто и Белененсес од Португалија. На Балканот работеше во Ловќен, Црвена Ѕвезда и Партизан.
Од Наиса заминаа и двете македонски репрезентативки. Симона Стојановска се враќа во Македонија, додека Ивана Гакидова ќе игра во турскиот шампионат за Коњалти.