Еден од поранешните главни дефанзивци на Франција, а потоа и селектор, Дидие Динар веќе неколку месеци не е на оваа позиција. Во моментов тој уште е без ангажман, но повремено добива повици.
Во последните денови, Дидие Динар се најде на тренинг на второлигашот од Франција, Понто Комбо.
Динар работеше со тренерот на овој тим на одбраната на тимот за да се зацврсти играта пред дуелот против Шербур.
Покрај тоа, Динар имаше и неколку предавања преку Интернет за Ракометната федерација на Аргентина така што на овој начин се одржува во тренерската работа.