На натпреварот меѓу Македонија и Чиле кој се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“ репрезентативците имаа поддршка од неколку поранешни репрезентативци.
Денеска на трибините се најдоа Раде Стојановиќ и Ацо Јоноски. Двајцата им дадоа поддршка на момците кои ќе треба да бидат далеку посилни за да успеат да ги наследат добро во националниот дрес.
Стојановиќ во моментов е тренер на Охрид, тим кој имаше 12 победи од 12 средби во Супер машката лига.
Јоноски, кој важеше за голем борец и беше незаменлив дел од одбраната на Македонија е исто така во тренерските води. Тој работи во екипата на Ратинген во Германија.
Имаат добри почетоци на тренерските кариери така што може да бидат исто така успешни како и на играчки план.