Екс репрезентативец стана претседател на француската лига

Поранешниот голман на француската репрезентација, Бруно Мартини, кој ја извршуваше и функцијата спортски директор на еден од најбогатите клубови, ПСЖ, денес беше избран за претседател на Националната лига на Франција, пишува францускиот „handnews“.

Мартини доаѓа на местото на Давид Тебиб кој привремено ја извршуваше претседателската функција на Националната лига по оставката на поранешниот претседател, Оливие Жиро во август, 2020 година.

Поради неостварувањето на зацртаните цели со ПСЖ во Лигата на шампионите, Бруно Мартини кон крајот на 2020 година понесе оставка од директоркста функција на ПСЖ и за момент се повлече од ракометните води.

Со неговото ангажирање како претседател се очекува да се зајакнат односите со француската федерација. Со репрезентацијата во 1995 и 2001 година, Мартини го освои златниот медал на Светското првенство во Исланд, односно Франција.