Репрезентативецот на Црна Гора и екс ракометар на Вардар, Немања Грбовиќ го заврши настапот на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.
Искусниот кружен напаѓач на последниот дуел во групната фаза, против селекцијата на Чиле, доживеа повреда на рамото.
Прегледите кои беа направени по дуелот во Краков не донесоа добри вести за селекторот Зоран Рогановиќ.
Грбовиќ го очекува пауза од околу три до четири недели, а селекторот Рогановиќ мораше да реагира и дополнително да повика нов играч во црногорскиот ростер.
Станува збор за Миодраг Ќорсовиќ, член на Тримо Требње, кој заедно со Вук Лазовиќ ќе ја сочинуваат пикерската позиција.
Избраниците на Зоран Рогановиќ денес одат на мегдан со селекцијата на Франција, во натпревар од првото коло од главната фаза на Мундијалот.
Освен со Франција, Црна Гора ќе игра и против репрезентациите на Полска и Словенија.