Поранешниот руски ракометар Михаил Чипурин, кој две сезони ги бранеше боите на европскиот шампион Вардар, денеска е во центарот на вниманието на руската јавност.
Освојувачот на бронзен медал од Олимпијадата во Атина, заедно со неговата сопруга, ја уништија малата градина во дворот на квартот Хорошевски, каде што живеат, а причината се змии и крлежи.
Тие сметаат дека така уредена мала градина ќе биде собиралиште на змии и крлежи, па заедно ги искорнаа сите тревки и цвеќиња, а неговата сопруга почна да ја уништува и оградата.
Исто така ја уништиле и малата дупка од која вода пијат птиците, бидејќи сметале дека може таму да настрадат нивните мали деца. Повеќе негови соседи ја повикале полицијата, бил отворен случај, но засега нема информации дали ќе има казни за нарушување јавен ред и мир.