Во петокот попладне во словачкиот град Прешов, се случи голема трагедија, откако при експлозија на гас во зграда, загинаа седум луѓе, а имаше повеќе од 40 повредени.
Повеќе од сто пожарникари го гасеа пожарот на горните катови во зградата, но властите соопштија дека зградата е толку оштетена, што може во секој момент да се сруши. Затоа сите станари веќе се евакуирани.
Меѓу станарите чиј стан е изгорен со цела покуќнина е ракометарот на Татран Прешов, Милош Шарпатаки, кој соопшти дека само среќата го спасила од поголема трагедија, бидејќи само неколку часа пред несреќата излегле од станот и во моментот на пожарот немало никој дома.
Тој и неговата девојка останале без се што имале, па од словачкиот првак веќе организираат акции за помош на Шарпатаки.