Екипите не се договорија, натпреварот ќе добие крај на зелена маса

Натпреварот од Лигата на Европа во женска конкуренција меѓу екипите на Лада Тољати и Магура ќе добие епилог на зелената маса откако не падна договор за одигрување на средбата во новиот термин кој беше предложен од ЕХФ.

Средбата која требаше да биде одиграна на 6 февруари не се одигра откако гостинките решија да се вратат после добивањето на резултатите од Ковид тестовите.

Понудата беше натпреварот да се одигра на 16 февруари, но и двете екипи тогаш имаат натпревари во домашните првенства така што не дојде до договор.

Од Лада веќе објавија дека нема да има нов термин за средбата и дека веќе е донесена одлука за епилог на оваа средба. Според одлуката бодовите одат за Лада Тољати со оглед на тоа што вината за неодигрувањето на натпреварот во првиот термин е кај тимот од Романија.