Репрезентативецот на Шведска во редовите на Кил, десното крило Никлас Екберг ќе паузира одреден временски период поради повреда.
Искусниот ракометар на вчерашниот дуел против екипата на Келце, на кој неговиот тим триумфираше со 32:29, заработи повреда на десната нога.
Доколку рехабилитацијата на 34-годишниот ракометар се одвива на посакуваното ниво, тогаш неговата пауза ќе трае најмалку еден месец.
Тоа значи дека Екберг ќе ги пропушти дуелите против ПИК Сегед, Целје и Елверум во рамки од групната фаза во Лигата на шампионите.
Екберг освен на последните три натпревари од групната фаза во елитното европско натпреварување ќе отсуствува и на три дуели од Бундес лигата.