Едно парче фластер на патиката има огромно значење за Милош Вујовиќ

Црна Гора е едно од изненадувањата на Европското првенство, Црногорците никого не оставија рамнодушни и со својата игра и истраст успеаја да допрат до секој дел од Европа.

Еден од најдобрите игачи на Црна Гора, Милош Вујовиќ има своја приказна и тој на секој натпревар на едната патика лепи фластер кој ракометарите го користат за лепак и на него стои испишан текст „avanti“, што на италијански јазик значи „напред“.

„Аванти, тоа е мојот татко, тоа е неговиот прекар. Тој починал кога сум имал две години. Тој бил возач на тркачки автомобили, а овој прекар секогаш ме турка да работам понапорно и да играм најдобро што можам. Секогаш сакам да го покажам тоа на моето семејство и сакам да покажам дека секогаш е со мене. Многу ми недостига“, рече Вујовиќ за ТВ2 од Данска.

Црногорецот после победата над Словенија и обезбедувањето на пласман во главната рудна фластерот со натписот „avanti“ го залепи на дресот на предната страна за да го видат гледачите и неговото семејство.