Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов едногласно доби нов мандат и останува прв човек на ракомтот и во следните четири години.
Мукаетов ја доби довербата од страна на сите делегати, а со оглед на тоа што немаше противкандидат за прв човек на ракометот беше избран со аплауз.
„Се заблагодарувам на поддршката и соработката која ја имавме во сите овие години. Можам да ветам дека ќе продолжиме да работиме. Со давање на идеи, заеднички да направиме уште подобро за македонскиот ракомет. Свесни сме дека со младите треба да работиме многу повеќе, тука сме заеднички сите да го направиме тоа. Голема благодарност и ајде заедно да работиме за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет“, изјави Мукаетов веднаш после добивањето на довербата,
Со ова Мукаетов продолжува да ја води РФМ и во следните четири години, па новиот мандат ќе биде до јануари во 2025 година.
Инаку, на денешното собрание од 54 присутни се 51 делегат.
За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува
Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов
Гино Стрезовски со предлог: За посилна репрезентација – не ни требаат странци во Суперлига!
Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги
Легендарните репрезентивци се собраа повторно на Собранието на РФМ (ФОТО)