Раководството на дебитантот на СП, Зеленортски острови, ја информираше ИХФ дека тие не се во можност да продолжат со настапот на Мундијалот.
Тие вчера службено го загубија натпреварот со Германија, со оглед на тоа што немаа доволен број ракометари, само девет.
Поради коронавирусот тие останаа без седум играчи пред патувањто во Египет, а во Каиро беа позитивни уште тројца.
По откажувањето на Капе Верде, Уругвај забележува службена победа со 10:0 и го направи најголемиот успех во историјата со пласманот во главната рунда на СП.