Една пречка помалку за битолчани до првиот Куп трофеј по 18 години (Фотогалерија)

 

Галерија полуфинале Куп 2023: Еурофарм Пелистер – Пролет

Битолскиот ракометен гигант е на чекор до освојување на Куп трофејот што го чекаат 18 години. Очекувано се пласираа во финалето на Купот на Македонија откако со 28-21 (17-10) го победи Пролет. Еурофарм Пелистер долго време го чека враќањето на Куп трофејот кој последен пат беше во нивните витрини во 2005 година. Се надеваат дека ова ќе биде нивна година. Лесно се справија со тимот на Пролет.