Селекциите на Египет и Кореја ги освоија титулите на машките континентални кадетски шампионати во Африка и Азија.
„Фараоните“ ја продолжија доминацијата на сениорите и младинците во Африка. Во финалето обезбедија триумф над Руанда со 51-29.
Корејците пак во финалето на азискиот кадетски шампионат славеа против селекцијата на Иран со 26-22.
Од африканскиот континент покрај финалистите, уште Мароко и Бурунди обезбедија место на кадетскиот Мундијал во Хрватска следното лето и станаа можни ривали на Македонија, која обезбеди пласман со освоениот трофеј на ЕХФ шампионатот во Рига.
Од азискиот континент покрај финалистите, билети за СП во Хрватска следното лето обезбедија и селекциите на Саудиска Арабија, Јапонија и Бахреин.