Еве ја инфаркт завршницата во Бутел – Митревски е битолскиот херој! (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер 2 ја забележа првата победа во плеј-офот, откако славеше во инфаркт завршница на гостувањето кај Бутел Скопје со 24-23. Христијан Митревски го постигна победничкиот гол за гостите на неколку секунди до крај на средбата, по што почна славјето на битолчани. Претходно во првиот дел имаа негатива и од шест гола, но во последните минути гостите успеја да израмнат, па после и првпат да поведат. Погледнете го драматичниот финиш на овој меч...