Амбициозниот тим на Охрид во текот на вчерашниот ден ги започна подготовките за новата сезона 2023/24.
Новиот тренер на Охрид, Стевче Алушовски, на првата прозивка ги имаше на располагање сите нови играчи.
Охрид за новата сезона ангажираше осум засилувања дел од нив се странци, со цел подобар пласман на екипата, односно излез на европска сцена.
Во Охрид пристигнаа Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски, Даниел Ѓорѓески, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.
Екипата на Алушовски во текот од првата фаза од подготовките ќе има проверка на силите против Еурофарм Пелистер и Вардар.
Охриѓани ги очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.
Алушовски најави: Ќе се обидеме да им ги помрсиме сметките на помоќните