Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24.
Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.
На прозивката беа присутни новите засилувања – Урош Борзаш од Елверум, Нејц Цехте од ГОГ, Андреас Нилсен од Морс и двајцата членови од Еурофарм Пелистер 2, Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски.
Во битолскиот тим се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, со кои македонскиот шампион би го комплетирал ростерот за Лигата на шампионите.
Утре во 8:30 часот изутрина експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.
Шампионот „запали“ мотори, ќе се тренира во Битола и Маврово (ФОТО)