Душебаев за 24Ракомет ТВ: Ќе одлучуваат мали детали, ПСЖ нема многу ѕвезди, но ќе биде тешко…(ВИДЕО)

Утре со дуелот меѓу Магдебург и Барселона ќе започне Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Во Келн учесници ќе бидат и екипите на Келце и ПСЖ, кои ќе се судрат во второто полуфинале. Еден од ракометарите кои имаат освоено титула во елитата е шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев, кој со Вардар во сезона 2016/17 се радуваше на златото.  Десниот бек за 24Ракомет ТВ ги сподели своите очекувања за утрешниот дел со ,,светците" истакнувајќи дека ќе биде многу тешко против ПСЖ, со оглед на тоа дека старо-новиот француски шампион имаше одлична сезона во најквалитетното европско натпреварување. Целосната изјава на Душебаев погледнете ја во видео прилогот...