Дуото „ДД“ имаше победнички старт во Асобал – Ваљадолид ја сруши Уеска

Ваљадолид на македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски со победа ја отвори новата сезона во Асобал лигата.

Тимот предводен од екс вардарецот Давид Писонеро славеше на гостувањето кај незгодната Уеска со 30-25.

Димитриоски стрелаше три пати од четири обиди на овој натпревар, додека Димитриевски имаше еден погодок.

Следен предизвик за македонскиот двоец и Ваљадолид ќе биде натпреварот на домашен терен против Пуерто Сагунто.