Натпреварот меѓу Металург и Вардар кој требаше да се игра денеска од 18 часот е откажан поради проблемите во кои се наоѓа екипата на Металург.
Од клубот од Автокоманда најавија прес-конференција за утре во 11 часот кога би требало да бидат објаснети причините за одлагањето на средбата, но ќе биде објаснето и што ќе се случува во иднина со клубот.
Засега она што е јасно е дека Металург и Вардар денеска нема да играат што значи дека пролетниот дел од сезоната стартува со мали проблеми.
Супер лигата продолжува, ќе истрчаат ли денеска сите тимови на терен?