Натпреварот меѓу Македонија и Израел кој беше планирано да се одигра вечерва од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, нема да се игра.
Според информациите, во редовите на ривалот има тројца позитивни ракометари на коронавирус, кои се откриени во текот на денот.
Наместо натпревар, македонската репрезентација веројатно ќе одработи само тренинг и ќе продолжи со подготовките за претстојното Европско првенство.
На денешните тестирања во нашата селекција, немаше ниту еден позитивен случај, а следните тестирања ќе бидат на 7 и 10 јануари.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија го игра против Словенија, а во групата се уште Данска и Црна Гора.