Дувњак по поразот од Египет: Не спиевме цела ноќ!

По непроспиената ноќ и тешкиот пораз од Египет (22:31) пред новинарите се појави капитенот на Хрватска Домагој Дувњак.

Покрај високиот пораз многу поболно за хрватскиот состав беше прикажаната игра и неможноста едноставно да му се спротивстават на ривалот.

„Немаме спиено. Најлесно ќе беше да пропадневме во некоја дупка. По натпреварот имавме состанок, малку разговор и тоа е тоа. Немаше ништо грубо, ниту ќе го има во оваа репрезентација. Не е убаво да се изгуби од Египет со девет разлика. Потфрливме и сега ќе мора да се вадиме и ќе видиме. Но, животот тече понатаму. Имаме тука уште два натпревара, а потоа ќе видиме што ќе се случува во Малме. И искрено не напушти среќата“, изјави Дувњак.

Хрватска до крајот од натпреварите од групата утре игра против селекцијата на САД, а во вторник противник им е Мароко.